Лазар Ристовски е еден од најпознатите српски актери од македонско потекло – „Сите гледаат, но само оние што знаат да гледаат гледаат“

Лазар Ристовски е еден од најпознатите српски актери од македонско потекло. Роден е на 26 октомври 1952 година во Равно Село, Војводина. Досега глумел во над 80 филмови, а режирал два. Неговиот татко е доселеник од прилепското село Гуѓаково, а мајка му е од Црна Гора.

Дипломирал на Учителската школа во Сомбор, а глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на Огњенка Милиќевиќ. Со него учеле познати актери: Богдан Диклиќ, Снежана Савиќ, Љиљана Стјепановиќ и Радош Бајиќ.

На почетокот на својата кариера, долго време работел во театарот, каде што мајсторски го играл класичниот репертоар – познати се и Шекспир, Молиер, а неговите креации на „Хамлет во Дубровник“, во режија на оскаровецот Јиржи Мнецел, Дон Жуан, Амадеус. Своите улоги ги наоѓа и во текстовите на домашни писатели: Душан Ковачевиќ, Аце Поповиќ, Стеван Копривица, Синиша Ковачевиќ, Радослав Павловиќ. Одиграл над 4000 претстави.

Ги играл главните улоги во повеќе од 80 филмови, ТВ серии, како и ТВ драми. Неговите улоги во филмовите „Подземље“, „Тито и ја“, „До кошке“, „Тако се калио челик“, „Буре барута“, „Балканска правила“, „Бумеранг“, „Пад у рај“, „Мали свет“, „Свети Георгије уби аждаху“… оставиле длабок белег во српската кинематографија. Покрај тоа, играл главни улоги во неколку европски филмови.

Како продуцент, снимил 13 играни филмови и околу десетина ТВ серии, а како режисер, постигнал успех преку два играни филма – „Белиот костум“ и „Белите лавови“. „Белиот костум“, неговиот оригинален проект, ја имаше својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал во 1999 година и беше номиниран на Југославија за Оскар. Тој особено ја нагласува улогата на кралот Петар I во истоимениот филм, кој е режисерско деби на неговиот син Петар Ристовски.

Лазар Ристовски е добитник на голем број престижни награди, како што се: наградата „Живојин Жика Павловиќ“, наградата „Сергеј Бондарчук“ за исклучителен придонес во светската кинематографија, три Гран При на Филмските средби во Ниш, наградата Стериија, Октомвриската награда на градот Белград, Кристалната призма доделена од Српската академија за филмска уметност и науки, наградата „Зоран Радмиловиќ“, Златниот Орландо во Дубровник, наградата за најдобар актер на Меѓународниот фестивал во Ваљадолид…

Ристовски е исто така добитник на едно од највисоките државни награди, Орденот на Караѓорѓевата ѕвезда, прв степен, за неговиот придонес во српската култура.

Проектот „Познати Македонци во Србија“ го реализира порталот Цвет на Тиса. Истоимениот проект е кофинансиран од Министерството за информации и телекомуникации на Република Србија.

Лазар Ристовски је један од најпознатијих српских глумаца, македонског порекла. Рођен је 1952. године у Равном Селу, у Војводини.

До сада је одиграо више од 80 филмских улога, преко 4000 позоришних представа, режирао два филма и продуцирао више од десет.

Завршио је глуму у Београду, а каријеру је почео у позоришту, играјући класике попут Хамлета и Дон Жуана, али и ликове из домаћих комада.

Памте се његове улоге у филмовима Подземље, Тито и ја, Буре барута, До коске, Балканска правила и многим другим.

Његов филм Бело одело премијерно је приказан у Кану и био је југословенски кандидат за Оскара. Посебно истиче улогу краља Петра Првог у филму који је режирао његов син Петар.

Добитник је бројних награда, укључујући Стеријину награду, Октобарску награду, Златни Орландо, као и државни орден Карађорђева звезда првог степена.

Пројекат „Познати Македонци у Србији“ реализује портал Цвет на Тиси, уз подршку Министарства за информисање и телекомуникације Републике Србије.

Similar Posts